logo
logo
logo

Интервју на „Слободен Печат“ со преживеаниот од автобуската несреќа во Бугарија Орхан Алити

Vecer | 26.11.2021

Интервју на „Слободен Печат“ со преживеаниот од автобуската несреќа во Бугарија Орхан Алити

Во интервју за „Слободен Печат“ Орхан Алити ја опишува ужасната трагедија во која животот го загубија 45 луѓе, меѓу ои и неговиот 23-годишен син Висар.

Тој е еден од седумтемина преживеани во трагичната несреќа во Бугарија, успеал да го скрши задното стакло на автобусот и да скокне.  Вели дека е во добра здравствена состојба и дека се уште не може да поверува како толку брзо се случила трагедијата.

– Последен пат кога тргнавме од Истанбул бевме во трговскиот центар „212“, а водичот Мусин Широки рече дека во 15:45 часот ќе бидеме во автобусот и ќе тргнеме за Македонија. Тргнавме оттаму во 17 часот. Пред да тргнаме разговарав со чичко Хамди од Студеничани, испушивме цигара. Тој ми рече дека на првата десна гума забележал дека нешто тече. Отидовме и видовме со светло на телефонот, изгледаше како дупка под гумата. Му реков на чичко Хамди дека можно е да е глицерин, но дека не е ништо страшно, бидејќи во моментот ништо не капеше. По 10 или 15 минути се качивме во автобус, тргнавме најдобро што можевме, стигнавме до границата со Бугарија. Откако ја поминавме бугарската граница, по 20 метри застанавме да јадеме и пиеме, направивме пауза и повторно тргнавме. По два часа возење од тука се случи трагедијата, раскажува Орхан.

Тој вели дека во моментот на несреќата бил буден и видел дека автобусот удрил во бариерата.

– Мислев дека возачот заспал и дека затоа му побегна воланот и се удри, но во исто време избувна пожар и тоа не ми изгледаше нормално. Автобусот застана малку, потоа пак продолжи да се движи, но пак имаше пламен, се сеќава Орхан.

„Сите луѓе ги фати паника и никој не знаеше што да рече. Во тој момент човекот многу брзо размислува, а ако автобусот го фати пожар, вратите не се отвораат. И во тој момент помислив да скокнам со двете нозе да го скршам задното стакло, но првиот обид ми беше неуспешен. Вториот пат скокнавме пак со двете нозе јас и Љуљзим од Прешево, и во тој момент успеавме да излеземе надвор од автобусот. Мислев само на тоа да станам и да ги повикам другите да излезат од прозерецот од кајшто излеговме ние. Но кога се обидов да станам, видов дека половината ми е скршена, не можев да се исправам. Имав и скршеница на ногата. Кога се видов на асфалтот од спротивната страна, помислив дека ако дојде автомобил од спротивната страна, може да настрадам уште полошо. Се вртев, преминав на другата страна на патот и почнав да викам по син ми Висар, викав колку што можев погласно, затоа што мислев дека и тој скокнал зад мене, но Висар не одговори. За жал, и тој заврши трагично“, рече Орхан низ солзи.

Целото интервју тука. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk