logo
logo
logo

Интересот за ВАКЦИНА се поголем! Вчера вакцинирани 13 592 лица

Vecer | 29.05.2021

Интересот за ВАКЦИНА се поголем! Вчера вакцинирани 13 592 лица

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, информираат од Минитерството за здравство. Според нив, досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk изнесува 429.464 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 233.844 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.411 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.592 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 304.904 дози вакцини, а ревакцинирани се 71.060 граѓани. Со последните бројки 47  отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто  од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина, 34 отсто од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Во соопштението истакнуваат дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk