Интелектуалците гневни: Ајде пред Собрание!Се воведува јазична диктатура!

Правниците и интелектиалците се убедени дека овој закон, кој не обезбедува јазични права на Албанците, е против уставен и ќе биде соборен пред Уставниот суд.

Меѓу нив владее разочарување од постапките на власта, но и јасно искажан став дека Македонија не смее да биде заложник на уценетата влада и на уценетите политичари.

Остри реакции од професорите Димитар Апасиев, Билјана Ванковска, Љубомир Цуцуловски, академик Катица Ќулавкова и на поранешната пратеничка и претседателка на Глас за Македонија, Солза Грчева. Тие своот револт го искажаа на социјалните мрежи. 

Билјана Ванковска

Абре Македонче, каде се спремаш? Јас сега ќе си излезам пред Собрание! Иако е покојно! Синоќа кажав што ќе се случи - сепак, тешко е да гледаш од страна како ја фрлија во пепел и последната трошка надеж дека од ова може да биде држава!

Солза Грчева

На криминален начин, со кршење на Деловникот на Собранието, тајфата го донесе законот за јазици. Ова не е Собрание, ние не го признаваме за наше. Македонија не смее да биде заложник на уценетата влада и на уценетите политичари. Марш багро од нашата земја. Одете и бидете земјани, гуштери, што и да сакате. Македонци не сте.
А Законот ќе се врати назад!

Љубомир Цуцуловски

СЕ ПЛАШАМ... Постојат луѓе кои сметаат дека со сила убавина бива, заборавајќи дека со сила убавина нема. Се плашам дека овие луѓе (со своето неразбирливо однесување) ќе создадат друга група на луѓе, кои, исто така, ќе мислат дека со сила убавина има. Кога тоа ќе се случи – веројатноста дека тоа може да се случи воопшто не е мала – мислам дека ќе биде касно и без повраток за сите нас, без исклучок. И, зошто сето тоа? Само затоа што некои упорно веруваат дека со сила убавина бива. Што друго да се каже освен: „Тешко си на таа убавина."

Ктица Ќулавкова

Законот за јазиците не обезбедува јазични права на Албанците, оти сите јазични права тие ги добија со Законот од 2008. Овој Закон ги укинува македонските јазични права и воведува јазична диктатура на албанскиот во РМакедонија. Федерализацијата е игра во споредба со штетата што овој Закон ќе ја нанесе на македонската држава, нација и демократија.

Димитар Апасиев

Куриња. Џабе го носевте. Ќе ви го кутнеме на Уставен

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари