logo
logo
logo

Иницијатива за формирање на нова партија „Граѓански Фронт„

Vecer | 25.03.2021

Иницијатива за формирање на нова партија „Граѓански Фронт„

На повидок е формирање на нова политичка партија „Граѓански Фронт„.

Ако сега не направиме нешто за нашата Македонија, ќе немаме право да се жалиме што ја изгубивме. Пред нашите деца, кои ќе бидат закрепостени овде или пак ќе бидат туѓинци во странство, ќе ги веднеме главите, а идните генерации ќе нѐ презираат, стои на почетнатна страна на сајтот gragjanski-front.mk.

Засега оваа најава е како иницијатива за формирање на оваа нова политичка партија каде што на сајтот може да се види предлог програмата и предло статутот кои би ги имала истата, како и опција за приклучување кон оваа иницијатива.

На неговиот Фејсбук профил во врска со оваа иницијатива се јави аналитичарот Агим Јонуз кој напиша дека оваа би била една реална, здрава, сериозна, јака и секако чесна и граѓанска партија.

„Сериозно прашање. Ајде да видиме дали има интерес, од моја страна, за реална, здрава, сериозна, јака и чесна-граѓанска партија, во која не е битно кој и како се вика...туку што знае, колку е способен и сака ли здрава држава?! Ако да, стави лајк и чекај друго полувреме да напишам, стои во постот на Јонуз.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk