logo
logo
logo

Ин мемориам: Почина филологот, научник и професор Атанас Вангелов

Vecer | 24.10.2021

Ин мемориам: Почина филологот, научник и професор Атанас Вангелов

На 74-годишна возраст денеска почина филологот, научник и професор Атанас Вангелов.

Роден е во Богданци на 6 февруари 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје, каде станал доктор по филолошки науки и работеше како професор. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, лектор по македонски јазик и литература во Париз, а работел и како новинар во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Од 1967 година членувал во Друштвото на писатели на Македонија.

Автор е на книгите: Земјата на цветот (поезија, 1966), Препев на планината (поезија, 1970), Мистер Порфирие (телевизиска драма, 1971), Живеалиште (поезија, 1974), Глетки и пивиденија (поезија, 1977), Песме / Песни (1978), Артизмот и современата македонска поезија (студија, 1978), Преданија (поезија, 1978), Литературни студии (1983), Строго доверливо (поезија, 1985), Решето (критики, 1985), Неодредени лични заменки (драма, 1986), Семантички фигури во македонската народна лирика (студија, 1987), Траги (поезија, 1991), Преписите на Божин Павловски (студија, 1992), Микрочитања (критики, 1993), На безгласје глас (поема, 1994), Гласови и траги (поезија избор, 1995), Исказот и стварноста (критики), Водопад (поезија, 1998), Морфологија на бо(љ)шевизмот(студија, 1998), Проетцонтра македонизми (критики, 1998).

Добитник е на наградите: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев, „11 Октомври”.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk