logo
logo
logo

Д-р Дејан Докиќ

Имунитетот, возраста и коморбидитетите КЛУЧНИ ФАКТОРИ ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗАРАЗИТЕ

Vecer | 09.04.2021

Имунитетот, возраста и коморбидитетите КЛУЧНИ ФАКТОРИ ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗАРАЗИТЕ

Директорот на пулмологија, д-р. Дејан Докиќ, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител вчера, објави зошто кај нас имаме толку голема бројка на лица кои го загубија животот поради тешки компликации со болеста и зошто пред два дена го имавме најлошиот ден од почетокот на пандемијата, ако ги земеме во предвид бројот на лица кои го загубија животот.

Сите знаеме дека доминира мутираниот британски вид, кој е повеќе агресивен и тоа е фактор што се должи на самата болест. Тој на пример, кај пациентите што се заразени со овој вид, него го има во поголема количина во организмот кој се наоѓа во секретот кога киваат во околината, а од друга страна потребна е помала количина да дојде кај здрав човек, за да го зарази. Значи тоа се особините, а некои од луѓето имаат поголема способност да го излажат имунолошкиот систем.

Исто така фактор е и одбранбениот систем, кој е како една армија што се бо ри против надворешните непријатели кај секој организам. Како што некаде имате силни армии во земјите, во други држави имате слаби армии и исто е и со организмите. Возраста е исто така отежнувачки фактор, како и коморбидитетите. Овде сакам да потенцирам дека смртноста во центрите на интерните клиники е 25 проценти и тука зборуваме за хоспитални установи. Во европски рамки тој процент е од 22 до 30%, што значи дека сме негде во средина во однос на другите земји. Сепак главен фактор е имуниот систем кај лицата кои се заразуваат – изјави Докиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk