Македонското гласачко тело во Скопје во вториот круг од изборите ќе биде под сериозно влијание на информациите дека Данела Арсовска има бугарско државјанство, изјави поранешниот пратеник, министер за здравство и претседателски кандидат, Имер Селмани, во гостување на ТВ24.

„Еднаш донесениот став тешко се менува по втор пат. Дали ќе се разбудат заспаните гласачи на СДСМ ќе видиме, но на крајот знаете црната кампања им пречи на македонското гласачко тело односно импресија дали има кандидат кој има бугарско државјанство. Сметам дека албанското гласачко тело е пресудно за Скопје и тука ќе биде интересно. Алијанса и Алтернатива имаат преголем мотив Данела да дојде за градоначаник, зошто со неа очекуваат дел од вториот ешалон на директорските позиции да им биде доделен зашто придонеле за нејзината победа,“ рече Селмани.

Преку Арсовска, тие можат да добијат помоќни позиции од кои ќе се натпреваруваат на следните избори, додаде Селмани.