logo
logo
logo

Имаме вакцини, АМА СЕ УШТЕ НЕ ЗНАЕМЕ КОГА ЌЕ ДОЈДАТ

Vecer | 05.02.2021

Имаме вакцини, АМА СЕ УШТЕ НЕ ЗНАЕМЕ КОГА ЌЕ ДОЈДАТ

Македонија се уште не знае кога точно ќе ги добие вакцините. Иако властите најавија денака вчера или денеска ќе биде познат датумот, тој не е познат.

Во меѓувреме во исчекување сме на дозволата од Фајзер, а според најавите првата пратка од КОВАКС ќе биде на крајот на месецов иако не се знае точната бројка на дози која ќе пристигне, бидејќи до средина на годинава ветени се вкупно 103.200 дози.

Преку КОВАКС механизмот, Северна Македонија ќе добие 103.200 дози вакцини против Ковид-19, од вкупно 337,2 милиони, кои оваа Иницијатива на ОН планира да ги испорача во првата половина од годинава во 145 земји во светот.

КОВАКС ќе покрие трошоци за набавка на вакцините за 92 сиромашни земји, додека другите ќе ги добијат по пристапни цени.

Според Ан Линдстранд од СЗО, испораките би можеле да почнат кон крајот на февруари.

Земјите ќе добијат дози пропорционално на бројот на населението.

Најмногу ќе добие Индија (97,2 милиони), потоа Пакистан (17,2 милиони), Нигерија (16 милиони), Индонезија (13,7 милиони), Бангладеш (12,8 милиони), Бразил (10,6 милиони), Кенија (4,2 милиони), Судан (3,4 милиони), Јемен (2,3 милиони) и Сирија (1,02 милиони)

Меѓу земјите во регионот, Србија ќе добие најмногу – 345.600 дози, потоа Босна и Херцеговина – 177.000, Албанија – 141.600, Северна Македонија – 103.200, Косово 100.800 и Црна Гора 84.000 дози вакцини.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера најави дека месецов вакцинацијата ќе почне со 200.000 кинески вакцини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk