logo
logo
logo

Спасевска: ИМАМЕ УЧИЛИШТА СО ПОЛСКИ ТОАЛЕТИ, а Царовска сака нешто што не соодејствува со условите

Vecer | 31.05.2021

Спасевска: ИМАМЕ УЧИЛИШТА СО ПОЛСКИ ТОАЛЕТИ, а Царовска сака нешто што не соодејствува со условите

Според реформата на министерката за образование од четврто одделение до четврта година средно воопшто да не се користат учебници. Односно тие да бидат Е-учебници кои што ќе бидат инсталирани на дигитални уреди. Со тоа што граѓаните сметаа дека тоа воопшто нема да биде добра реформа која ќе служи за подобро образование, вели Драгана Спасевска иницијатор на фејсбук страната „Настава и учебници мора да има“ на утринска програма на Алфа телевизија.

– Научни и стручни истражувања покажаа дека помнењето на децата подобро се развива доколку децата учат од печатени учебници, нагласи Спасевска.

Спасевска посочи дека со онлајн наставата се увиде со какви се потешкотии се соочуваат учениците и самите наставници.

– Имаме проблем со интернетот, има и искази на наставници кои што немаат квалитетен интернет пристап во училиштата па користат свој, значи даваат и дел од своите средства за да реализираат една квалитетна настава, еден квалитетен час. Имаме многу пречки за да се исполни тоа што власта и министерката го најавуваат. И ние мислиме дека тоа не е воопшто по мерка на учениците, и воопшто не е по мерка на условите во општеството како што ние го имаме, појасни Спасевска.

Спасевска рече дека ако во групата членовите пуштат слики ама реални слики од училиштата низ државата верувајте тоа ќе биде катастрофа, бидејќи условите по училиштата се катастрофа.

– Ние имаме училишта од каде што од кровот протекува вода, имаме училишта каде се уште користат полски вц-а, истакна Спасевска.

Таа потенцира дека граѓанската иницијатива „Настава и учебници мора да има“ се залага за квалитетни реформи во образованието.

- Односно ние како граѓанска иницијатива на загрижени родители, старатели, наставници и останати засегнати страни бараме да се спречи овој предлог закон за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. И доколку успееме во тоа, потоа бараме да бидеме дел како група на граѓани кои што заедно со стручен тим ќе работиме на нови квалитетни реформи во образованието, истакна таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk