logo
logo
logo

Милошоски

„Имаме легендарна фотографија за веќе добиен датум, но гледаме дека нема ништо од тоа“

Vecer | 19.05.2022

„Имаме легендарна фотографија за веќе добиен датум, но гледаме дека нема ништо од тоа“

„Македонија уште во 2001 година го потпиша процесот за стабилизација, асоцијација со ЕУ, потоа 2004 година поднесе апликација за членство,2005-та година доби кандидатски статус, 2009-та година ја добивме првата препорака дека државата е спремна да ги отпочне преговорите за членство од ЕК. А, 2010 година ја добивме визната либерализација итн. Но, заради блокадите од соседните земји – членки на ЕУ кои што во случајот Чешка, Словачка, па и други држави соседите им биле промотори на нивното членство, кај нас за жал се поставија како кочничари и денес се наоѓаме таму каде што сме, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на 24 телевизија.

Тук вели дека има загриженост дека процесот на полноправно зачленување не само на Македонија туку и на околните држави од Западниот Балкан во иднина може да станува покомплицирано.

Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека во овој дел Владата треба да биде поагилна и македонската дипломатија поконкретна. Бидејќи смаата платформа на сегашната владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ, и референдумот, и сите тие музички прослави и настани беше за европска Македонија. И од 2017-та година до денес секое полугодие македонските граѓани слушаат дека добиле датум, но датумот никако да стаса.

„Имавме и една легендарна фотографија за веќе добиен датум, но гледаме дека нема ништо од тоа и за жал тапкаме во место“, појасни Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk