logo
logo
logo

Има поевтинување - ЕВЕ ГИ НОВИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Vecer | 24.11.2022

Има поевтинување - ЕВЕ ГИ НОВИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Цените на дизел горивото и на маслото за горење од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денара по литар, а мазутот поевтинува за 1,263 денари по килограм одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 88 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 83,5 денари, додека Мазутот М-1 НС ќе чини 41,783 денари за килограм. Бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98, пак, и понатаму ќе се продаваат за 86,5, односно за 88,5 денари за литар.

ОД РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,789 отсто, кај дизелот за 4,373, кај екстра лесното за 4,239 и кај мазутот за 4,249 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,252 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk