logo
logo
logo

Кој владее со Македонија

Има ли пилот во авионот: АЛБАНЕЦОТ ЕДИ РАМА ПОВИКУВА НА ПОПИС на макеоднската дијсапора

Vecer | 23.03.2021

Има ли пилот во авионот: АЛБАНЕЦОТ ЕДИ РАМА ПОВИКУВА НА ПОПИС на макеоднската дијсапора

Албанскиот премиер Еди Рама се вклучи во кампања за пописот во Македонија, па повика Македонците од дијаспората да се самопопишат на census.stat.gov.mk.

Бел лист хартија на кој е напишана оваа адреса држат во рацете и Рама и првиот воцепремиер Артан Груби кој овие денови е во Албанија. Тој денеска се сретнал со Рама и на фејсбук објави фотографии од средбата. Вели дека Рама го пречекал со напишаниот лист.

„Господин Рама ме пречека со интересна порака, тој имаше напишано на бел лист census.stat.gov.mk. Почестен за овој братски прием од г. Еди Рама со кого разговаравме за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Албанија, но и за спорот што во последните месеци се реактуализира меѓу нашата земја и Бугарија, но без да се заборави темата за интеграција на нашите земји во Европската унија, напиша Груби.

Вели дека размениле мислења и за Коридорот 8, проект за кој Рама рекол дека во Албанија тоа е приоритет на Владата бидејќи е во најдобар интерес на земјата, но и на целиот регион.

„Во оваа прилика го информирав албанскиот премиер дека во Северна Македонија се работи на што поскоро завршување на изградбата на овој коридор.

Со Рама разговарав и за важноста на процесот на регистрација на дијаспората каде што во оваа прилика апелираше дијаспората на РСМ да одговори што е можно повеќе на процесот на регистрација, бидејќи со оваа акција тие исполнуваат морална и национална обврска, пишува Груби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk