Во ЈСП одамна не е сјајно се повеќе шофери заминуваат на работа во странство, па се поставува прашање има ли кој да ги вози скопјани.

ЈСП сега својата веб-страница објави оглас за вработување, иако во него не стои колку лица ќе се вработат.

Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување.

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Од ЈСП за медиумите  одоговорија дека има потреба од нови возачи, бидејќи се’ повеќе луѓе заминуваат на работа во странство, па поради тоа и постојано се во дефицит со работен кадар.

ЈСП ОСТАНУВА БЕЗ 70 ВОЗАЧИ, градот Скопје мува не го лази, собираат потписи за партија

Ова претпријатие постојано е во долгови. Платата за вработените неретко доцни, а лани еден ден, возачите одлучија да не возат, со што прв пат откако постои јавен градски превоз, главниот град остана без него.