logo
logo
logo

Има благ тренд на намалување на приеми, но ситуацијата во болниците и натаму е сериозна

Vecer | 16.04.2021

Има благ тренд на намалување на приеми, но ситуацијата во болниците и натаму е сериозна

Министерот за здравство Венко Филипче, по редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите, заклучи дека постои некој тренд на намалување на приеми на инфицирани со коронавирус, меѓутоа дека ситуацијата и натаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем.

„На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем. Во моментов имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.“, напиша Филипче на „Фејсбук“.

 

На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на...

Posted by Венко Филипче on Friday, April 16, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk