Очигледно СДСМ има свои омилени бзинис партнери кога се вршат јавни набавки. Тие, под ефиниција, се претходно анонимни, или скоро основани фирми кои добиваат милионски тендери од валстите. Најдрастичен пример беше кога новоформирана фирма доби тендер од 72 милиони евра за набавка на – два хеликоптери за кои потоа владата ќе плаќа наем, рентирање.

И во случајот со сомнителната набавка на противпожарно возло и скали е слично. Иста фирма постојано добива тендери за било што, кај Шилегов за противпожарни скали, а за спортска опрема во минстерството на Шекеринска.

„Додека ние објавуваме скандал со набавка на противпожарна скала од 1,7 милиони евра, двојно повеќе од таа во Загреб, замислете зетот на секретарот на Шилегов не стои ни минута во место, договорил и добил нов тендер од Радмила Шекеринска.

Мрзеливиот Шилегов во Град Скопје направил одлична крими шема за да се сработи набавката на противпожарната скала. Таткото на советничката од СДСМ, Михаела Иванова ја правел спецификацијата за набавка и го правел тендерот и тендерската документација за овој тендер од 1.7 милиони евра, ќерка му Михаела Иванова гласала на Советот, мрзеливиот апаш Шилегов потпишува, се разбира на крајот од денот зетот на секретарот на Град Скопје преку фирмата ‘Армор плус‘ ДОО набавува.

Е сега, додека јавното обвинителство спие за овој предмет и се прави недоветно, се занимава единствено со заташкување на криминалот на власта, токму затоа ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе кривична пријава за оваа јавна набавка, каде јасно се гледа дека се работи за крими шема и има основан сомнеж за тежок криминал“, изјави Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, кривичната пријава ќе ги опфати сите сегменти на основан сомнеж за криминал.

Нелоски кажа дека истата фирма „Армор плус“ добила тендер за набавка на спортска опрема за Министерството за одбрана во вредност од приближно еден милион евра.

„Со самиот сомнеж за оваа фирма за набавката на противпожарната скала, каде има основан сомнеж за криминал, секоја друга набавка која се случила треба да биде под сериозна ревизија, а такви набавки има многу, во вкупна вредност од над 4 милиони евра за 4 години“, додаде Нелоски.