ИЛИНКА МИТРЕВА САКА ДА БИДЕ НАСЛЕДНИК НА КОФИ АНАН?!

Министерката за надворешни работи во заминување, Илинка Митрева сака да биде предложена за генерален секретар на Обединетите нации, тврдат извори на "Вечер". Според нив на вчерашната последна седница на овој владин состав Митрева побарала од колегите да биде кандидат од Македонија на оваа висока функција во ОН, а нејзината кандидатура ќе биде испратена во седиштето на Генералното Собрание. И требало за биографијата. На Митрева малку и се кадровските и финансиски скандали во МНР, како и опомените од Брисел за љубителството на чашката. Во МНР вчера демантираа дека на владината седница било разговарано за кандидатурата на Митрева. Но, оттаму ни потврдија дека годинава наследникот на сегашниот генерален секретар Кофи Анан ќе се бира од кандидатите од земјите членки од Источна Европа

Поврзани

Најнови вести

Коментари