logo
logo
logo

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Vecer | 30.07.2021

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август, иако шефот на државата Стево Пендаровски изјави дека го очекува да присуствува на манифестацијата.

Џафери изјавил дека има други обврски, а наместо него, претставник на Собранието ќе биде потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети за првпат ќе го чествува Илинден на 2 Август на Мечкин Камен. Според Пендаровски, тој и премиерот Зоран Заев го потврдиле присуството.

Пендаровски рече дека на прославата во Крушево го очекува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk