logo
logo
logo

Илија: РЕЗОЛУЦИЈАТА ЌЕ ПАДНЕ ВО ВОДА, непочитување на одлука на Собрание e рушење на уставен поредок

Vecer | 02.07.2022

Илија: РЕЗОЛУЦИЈАТА ЌЕ ПАДНЕ ВО ВОДА, непочитување на одлука на Собрание e рушење на уставен поредок

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека со предлогот на Макрон за решавање на македонско-бугарскиот спор, за кој министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека МНР веќе ѝ препорачало на Владата да го прифати, се прекршуваат сите седум нормативни точки од Резолуцијата за македонските „црвени линии“ која ја усвои Собранието.

– Сите 7 нормативни точки на Резолуцијата на Собранието на Република Македонија ќе бидат прекршени доколку Владата донесе одлука за прифаќање на францускиот предлог… Непочитување на одлука на Собранието е безвластие и рушење на уставен поредок… Да потсетам, резолуција е, а не декларација… – напиша Димовски на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk