Бугарска фондација во Македонија
Или сте за Илинден или сте за АСНОМ! Не може двете!

Бугарската фондација во Македонија позната по нивните антимакедонски, негаторски и скоро фашистички ставови, Фондација Македонија, на Фејсбук бара од Македонија да се одлучи дали е за АСНОМ или за Илинден.
“Во Скопје еднаш засекогаш да се одлучи: АСНОМ или Илинден. Не може и двете, затоа што АСНОМ ги уби преживеаните илинденци! Не можете да ги величате убијците и нивните жртви. Време е за одлуки и реформи во Скопје! И нивниот претседател е под сите европски критики и кршење на преговарачката рамка на Скопје за ЕУ!”, велат од Фондацијата на Фејсбук.