И законот за медиуми ќе се носи по булдожер принцип

Претседателката на собраниската Комисија за транспорт и врски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, повторно вети дека утре Законот за медиуми ќе биде ставен на дневен ред на матичната комисија по 40 дневна пауза. Независно од тоа, Затуровска вели дека содржината на дебатата не зависи од неа и не ветува конструктивна дебата од своите колеги, истакнувајќи дека на ниеден пратеник не може да му го негира правото на збор. Како што велеше и порано, причината за одложувањето на дебатата, според неа, биле технички, а не политички прашања.

Но, Владата овој пат покажува заби. Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски вели дека законот може да се донесе и без опозицијата, доколку таа не се изјаснела позитивно во однос на, како што рече, катастрофалните резултати на некои анализи за состојбата во медиумите во земјава кои се очекува да бидат објавени следните денови.

Власта ја обвинува опозицијата дека не ги прифаќа новите законски измени поради тоа што не сакала да ги отстрани своите луѓе од Советот на МРТВ и од Агенцијата за медиуми. Но, опозицијата ја обвинува власта дека преку измените сака да инсталира свои луѓе за да ги контролира медиумите. Поради овие обвинувања, Законот за медиуми остана блокиран уште во почетната фаза, односно во Комисијата за транспорт и врски. Во последно време, нејзината претседателка не свикуваше седници со што дебатата за законот целосно беше блокирана.

Поврзани

Најнови вести

Коментари