logo
logo
logo

И ТРЕТАТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА УСПЕШНА! Ново срце чука во градите на 32-годишна жена

Vecer | 30.05.2021

И ТРЕТАТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА УСПЕШНА! Ново срце чука во градите на 32-годишна жена

По околу пет часа, успешно е завршена и третата срцева трансплантација во Македонија, а срцето на 40- годишната почината жена донор сега чука во градите на друга 32-годишна жена.

-Кога е човечки живот во прашање не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6: 30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор. Во просториите на државната кардиохирургија Академик д-р Жан Митрев заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа со што и официјално успешно беше извршена третата трансплантација направена во нашата земја. Станува збор за 40-годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32 годишна жена, објавија на Фејсбук од Жан Митрев.

Во текот на денешниот ден се очекуваат уште две бурежни транспланатации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk