СЕ РАСВЕТЛУВА САБОТНИОТ ПРИЛЕПСКИ ИНЦИДЕНТ

И полицаец го рекетирал Жабето

Златко Јовановски, дваесет и двегодишен полицаец, е уапсен заради вмешаност во саботниот инцидент што се случи среде Прилеп, пред кафеаната "Ладна меана", во кој загинаа Никола Мојсоски и четиригодишната Елена Талеска. Нему му е поднесена кривична пријава за изнуда и насилство и со решение му определи триесетдневен притвор.
Осомничениот Јовановски, вработен во СВР Прилеп, заедно со Никола Мојсоски - Војводата во петокот вечерта отишле на штандот на Димче Христоски - Жабето кој го имал земено под наем заедно со Р.Р. и П.Н. Јовановски вечерта од Христовски побарал рекет од 200 евра за наводно обезбедување на шанкот кој бил поставен пред кафеаната "Ладна меана". Откако предлогот бил одбиен почнала расправија меѓу "понудувачите" Мојсовски и Јовановски од една и угостителите Христовски, Р.Р. и П.Н. од друга страна. Расправијата потоа заврши онака како што заврши, со убиство на Мојсовски и на малата и недолжна Елена. (К.Ѓ.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари