И Нова либерална партија стана дел од владејачката коалиција

Нова либерална партија (НЛП) е новиот партнер во владејачката коалиција За подобра Македонијаа. Стратешкиот документ за партнерство денеска го потпишаа потпретседателот на НЛП Звонимир Јанкулоски и координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева.

Со тоа, како што истакнаа, од денеска 20 политички партии заедно ќе продолжат да работат на економскиот развој на земјата, на реформите потребни за евроатлантскиот пат, како и на спроведвуање на Охридскиот договор и јакнење на демократските процеси.
Според Бонева приклучувањето во коалицијата на НЛП е потврда на исправните политики на овааа Влада и парламентарното мнозинство.

Јанкулоски потенцира дека НЛП ќе придонесе за спроведување на реформите кои течат во Република Македонија. Тој изрази жалење за тоа што, подвлече, во земјава се создава антидемократски амбиент.
- За жал, ваквите политики нема да му донесат добро никому, особено не на Република Македонија за да стане просперитетна и успешна, пред се членка на ЕУ. Штетата е голема, во недостаток на политички идеи ни се случуваат вакви работи, потенцира меѓу другото Јанкулоски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари