logo
logo
logo

И Кастриот Реџепи НА СРЕДБАТА на Заев СО КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ во Владата (ВИДЕО)

Vecer | 06.12.2021

И Кастриот Реџепи НА СРЕДБАТА на Заев СО КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ во Владата (ВИДЕО)

Вечерва започна средбата на Зоран Заев со коалиционите партнери на СДСМ за да ги информира каков договор постигнал со Алтернатива. Но, од тоа што може да се забележи на средбата е и пратеникот Кастриот Реџепи.

Пред почетокот на средбата, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека се прават пошироки консултации, по што ќе се донесе некаков координиран заеднички став, но според неговите очекувања тој процес ќе трае уште најмалку месец дена.

- Демократскиот сојуз нема намера да уценува и да притиска. Сега владата на СДСМ ќе биде малку покомотна, ќе има 64 пратеници во мнозинството, така што некои од коалициските партнери кои не се задоволни можат слободно да ја напуштат коалицијата,  рече Трајанов.

Тој изјави дека очекува да види во кои правци ќе се движи новата влада, како ќе се одвиваат разговорите со Бугарија, дали ќе се даде фокус на стратешките прашања итн.

И лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, рече дека за нејзината партија е важно да се види кои ќе се програмските приоритети на новата Влада, што ќе биде дел од програмата, кои ќе бидат приоритетите …

Претседателот на НСДП, Тито Петковски пред средбата порача дека засега нема ниту аргументи „за“ ниту „против“, а изјава во јавноста ќе даде откако ќе слушне за постигнатиот договор со Алтернатива.

https://youtu.be/7ymRKe0J9aI

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk