И да ги прифати сите услови на Бугарија, Македонија нема да влезе во ЕУ (ВИДЕО)

Претседателот на Европската иницијатива за стабилност Гералд Кнаус, кој се смета за главниот ЕУ лобист за проширување, го потврдува црното сценарио за Македонија и за сите други кандидати за членство во Унијата кое е креирано во 2019 година.
Во интервју со Горан Момироски за емисијата „Заспиј ако можеш” Австриецот Кнаус открива дека дури и ако Македонија го прифати целосно бугарскиот протокол и францускиот предлог, нема да стане членка на ЕУ.
Кнаус вели дека како аутсајдер без емоции нема да ја критикува владата на СДСМ и ДУИ ако прифатат тоа што го бара Софија, но е уверен дека тоа не е решение за Македонија.