logo
logo
logo

И БУГАРИЈА почна да ВАКЦИНИРА МАКЕДОНЦИ, откако падна Борисов

Vecer | 17.05.2021

И БУГАРИЈА почна да ВАКЦИНИРА МАКЕДОНЦИ, откако падна Борисов

Бугарската клиника „Комак Медикал “ започна денес со вакцинирањето на македонските граѓани со вакцините Фајзер. Вакцинацијата се врши во клиничкиот центар на компанијата, како и во мобилните центри лоцирани во тампон-зоните на граничните пунктови на бугарско-македонската граница.

Притоа, нема да се бара PCR-тест и нема да има ограничувања кој може да се вакцинира. Сертификатите ќе се издаваат само на тие со бугарски пасош, но никој што сака да се вакцинира нема да биде вратен.

Регистрациите за вакцинација може да се направат на следниве телефонски броеви – 0886800264 и 0882 516981. Може да се направат со повик или преку порака на Вибер. Ако користите Вибер, мора да ги наведете следниве информации – име, телефонски број, бугарски PIN или матичен број, доколку ги имате.

Д-р Врабевски, според БГНЕС, е познат филантроп во Бугарија. Минатата година, среде пандемија на коронавирус, тој и помогна на РС Македонија со набавка на заштитна облека и маски. Д-р Врабевски, исто така, финансираше реновирање на болница во градот Струмица, а исто така купи и брза помош, противпожарно возило и џип, кои тој ги донираше во Преспа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk