logo
logo
logo

Хоспитализирани нови 53 пациенти за 24 часа

Vecer | 28.04.2021

Хоспитализирани нови 53 пациенти за 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 53 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 566 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 20 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 17 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не  билe примени  болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина, е примен еден нов пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 224 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 131 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 30 болни.

Вкупно 566 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 160 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk