logo
logo
logo

ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ДВАЈЦА ВЛАДИЦИ на МПЦ поради корона вирус

Vecer | 11.04.2021

ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ДВАЈЦА ВЛАДИЦИ на МПЦ поради корона вирус

Двајца Владици на МПЦ се позитивни на корона вирус.   Владиката Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекување во Систина, откако добиле позитивен тест на ковид.

Владиката Петар кој веќе 20ти ден е во болница, вели дека не бил на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации.

Тој за Сител потврди дека на лекување и додава дека сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Апелира до верниците за сериозноста на вирусот.

Владиката Петар вели и дека, според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е исто така хоспитализиран пред некој ден.

Од редот на владиците, околу божиќните празници вирусот веќе го прележа владиката Пимен, кој најверојатно се заразил додека беше во Германија пред Нова година. А позитивен на корона беше и новиот поглавар на ИВЗ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk