logo
logo
logo

Хоспитализирани 636 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19

Vecer | 19.02.2021

Хоспитализирани 636 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19

На инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава се хоспитализирани вкупно 636 позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот и има околу 400 слободни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во Скопје се хоспитализирани 35 нови пациенти поради компликации од ковид-19, а на инфективните клиники вкупно се лекуваат 261 лице. Голем дел од пациентите добиваат кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало десет приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 септември“ имало седум нови приеми на пациенти и шест на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 15 пациенти.

Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во моментот во ковид центарот на Клиника за кожни болести се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија има 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симптоми на коронавирусот, истакнуваат од МЗ.

Во ГОБ „8 септември“ има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. На ГАК има една пациентка која е позитивна на ковид-19.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk