logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 4 МАЈ: Овие знаци денеска ќе добијат ПАРИ

Vecer | 04.05.2021

ХОРОСКОП ЗА 4 МАЈ: Овие знаци денеска ќе добијат ПАРИ

Ракот го очекуваат нови почетоци и нова понуда за работа, Бикот го чекаат расправии на љубовен план, додека  Јарецот треба да внимава на исхраната. Погледнете што се носи денешниот хороскоп

ОВЕН

Во текот на целиот ден активни се аспектите кои упатуваат на финансиска добивка. Другиот дел од денот носи растоварување и подобра комуникација со партнерот. Без големи промени.

БИК

Бикот не е расположен за нагли промени. Не ви годат. Мислите дека може да бидете надвор од случувањата. Биковите кои имаат врска или брак, ги чека расправии. Обидете се да најдете заеднички јазик. Освежете го животот со некој спорт.

БЛИЗНАЦИ

Размислувате за приватен бизнис. Мислите дека ќе бидете подобро расположени и среќни ако почнете нешто свое. Вашата енергија дава можност работите да функционираат добро во секоја ситуација. Ново познанство ќе биде многу инспиративно. Проверете го крвниот притисок.

РАК

Имате нова понуда за работа. Времето ќе покаже дали е добра. Слободните припадници на овој знак мора да има потврда. Оние кои се во брак, мора да внимаваат затоа што и мали нервози може да донесат проблеми. Не ја блокирајте енергијата, не е добра за органите во стомакот.

ЛАВ

Ситуацијата на работа може да се искомплицира доколку ги употребите емоциите. Бидете реални кон соработниците. Оние кои се во брак или врска би требало да постапат практично или рационално за нивната комуникација да биде збогатена со емоции. Внимавајте на видот.

ДЕВИЦА

Интензивното дружење со пријателите ќе дадат размислување за промени, но тие нема да се одвиваат брзо. Слободните Девици ќе имаат можност да се најдат во паралелна врска. Потребна е регенерација на организмот низ физички вежби.

ВАГА

Треба да внимавате да не ја изгубите сегашната работа, но и парите. Морате да штедите, без оглед на тоа што ви се подготвува во иднина. Неодлучни сте. Секогаш сте во некоја дилема што да правите, дали да влегувате во врска, или не. Чувајте ги екстремитетите.

ШКОРПИЈА

Важни контакти со влијателни и моќни лица, даваат просперитет кон остварување на целите. Зголемување на финансиите очекувајте. Добар ден за љубов. Може да уживате во љубовта со саканата личност. Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Важен ден за сите оние кои имаат состанок со странци. Би било пожелно да се свртите кон работи со органска храна или некое друго производство. Оние во брак или врска, може да се свртат кон слободен живот, што не е добро за заедницата во која се наоѓате. Покачена температура.

ЈАРЕЦ

Вие ќе бидете некој кој создава нови идеи. Добар ден за пари. Добар ден за фамилија и деца. Среќни сте кога се вашите сакани околу вас. Намалете со оброците навечер.

ВОДОЛИЈА

Имате силна ментална сила да почне се што сте замислиле. Искористетете ги богатите внатрешни ресурси. Партнерот понекогаш бара премногу од вас. Вие сте во прилика да давате само онолку колку што сметате дека треба. Опуштени сте. Немате проблеми со здравјето.

РИБИ

Добро сте подготвени за работата која ви се нуди. Снаодливи сте. Нема да биде тешко да се споите со лица кои бараат многу и квалитетно. Ви се допаѓа еден Лав. Мислите дека со него може да играте на картата на нежност. Но, морате да покажете и „агресивен“ дел од себе. Замор ве стигнува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk