logo
logo
logo

ХОРОР СЛИКИ ОД АМБУЛАНТАТА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

Vecer | 23.05.2021

ХОРОР СЛИКИ ОД АМБУЛАНТАТА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

Порталот Курир објави фото сторија од амбулантата во општина Бутел која евидентно се распаѓа.

Четврта година откако СДСМ е на власт, четврта година жителите на општина Бутел чекаат на местото на старата амбуланта да никне голема поликлиника, налик на таа во општина Чаир.

Но, како што дознаваме тоа нема да се случи. Бутел нема да добие поликлиника, а на местото на сегашната амбуланта ќе се донесат контејнери кои ќе бидат замена за ветената поликлиника.

Планот е ова да започне на 1 јули оваа година, неколку месеци пред локалните избори, каде по се изгледа Велимир Смилевски ќе ја бара довербата за уште еден градоначалнички мандат.

Но тоа не е најголемиот проблем за граѓаните на Бутел, екипа на Курир влезе во амбулантата и успеа да направи неколку фотографии од внатре.

Повеќе фотографии  тука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk