logo
logo
logo

Холандија стави ВО МИРУВАЊЕ ПРОЕКТ СО СУДСКИ СОВЕТ

Vecer | 28.05.2023

Холандија стави ВО МИРУВАЊЕ ПРОЕКТ СО СУДСКИ СОВЕТ

Холандија стави во мирување голем проект поврзан со Судскиот совет, кој стана нелегитимно тело, вели холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, за „Радио Слободна Европа“.

„Случајот со Судскиот совет, кој всушност стана нелегитимно тело. Тоа е многу сериозно и болно за гледање. И поради тој преседан Холандија сега стави во мирување еден голем проект со Судскиот совет. Ситуацијата е многу сериозна“, изјави Коп за „РСЕ“.

Амбасадорот Коп случајот со Судскиот совет го наведува еден од многуте лоши случаи со кои е намалена довербата во судскиот систем. Друг проблем според него се враќањето на предметите за високи функционери на повторно судење, кои претходно ги водеше специјалното јавно обвинителство.

Според него во минатите две години мислевме дека видовме напредок, подобар менталитет, независно поставување на судии во Судот, но исто така сега повторно гледаме дека работите се влошуваат.

- Гледаме знаци на политичко влијание кај изборот на Обвинителството за организиран криминал, гледаме знаци на политичко влијание во изборот на кандидати во Академијата на судии и јавни обвинители, гледаме знаци на политичко влијание практично во сите судови, и да, тоа е многу загрижувачко, се натрупува едно по друго. Дозволете да ве потсетам дека во февруари 2020 година, кога Парламентот донесе закон со кој гарантираше процесуирање на случаите на СЈО, случаите со масовното преслушување и тоа беше единствениот настан што направи мојата земја да се согласи за членство на Северна Македонија во ЕУ, а потоа и Советот на ЕУ се согласи со тоа во март 2020 година. Тоа е централно прашање и го следиме внимателно. Тоа е дел од поглавјето „основи“ кое прво се отвара, а последно се затвора и ќе остане од висока важност во целиот процес. Но она што ние напротив го гледаме е дека сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој“, рече Коп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk