logo
logo
logo

Хоџа мора да си најде нов управител на фирмата, вели Заев

Vecer | 22.02.2021

Хоџа мора да си најде нов управител на фирмата, вели Заев

Премирот Зоран Заев изјави дека добил потврда од министерот за земјоделство, шумарство и водостаопанство Аријанит Хоџа дека тој има намера да постапи согласно укажувањата на Државната комисија за спречување на корупција во однос на управувањето со неговата семејна фирма.

-Аријанит Хоџа ме информираше во петокот на пат кон Богданци дека има намера да постапи по укажувањето. Ние секогаш сакаме согласно сите укажувања на ДКСК да постапиме. Тој испрати апел до мене како претседател на Влада, Владата веднаш да постапи по укажувањето, испорачавме соодветно на законот и согласно тоа и тој лично да си постапи по укажувањето, односно ако се сеќавам после неговото назначување на функцијата министер сопругата ја има ставено да биде управител на нивната семејна фирма каде што по законот вика близок член на семејството е недозволиво, значи мора да стави друг управител. Ме информира дека тој лично ќе постапи, а секако испрати апел и до мене како претседател на Владата и Владата да постапи согласно укажувањата на ДКСК, рече Заев на новинарско прашање по сведочењето за предметот „Титаник“

Антикорупциската комисија отвори постапка против Хоџа бидејќи во неговата семејна фирма по стапувањето на функциите, поставил блиско лице, односно сопругата да управува со компанијата, со што го прекршил законот кој тоа го забранува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk