logo
logo
logo

ХАВАРИЈА ВО РАДОВИШ: Див приклучок остави девет улици во мрак

Vecer | 10.03.2021

ХАВАРИЈА ВО РАДОВИШ: Див приклучок остави девет улици во мрак

Див приклучок на струја на разводна табла на градското јавно осветлување предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија на девет улици во Радовиш.

Според градоначалникот Герасим Конзулов, предизвикана е голема штета, а на местото на настанот полицијата извршила увид.

– Тековно се врши увид во состојбата и се проценува материјалната штета по што ќе следуваат санкции. Екипите работат на терен и ги замолуваме засегнатите жители да имаат разбирање, рече Конзулов.

Додава дека досега регистрирале повеќе такви случаи на нелегално приклучување на јавното осветлување, но последниот можел да предизвика голем пожар.

Конзулов ги опомени граѓаните дека дивото приклучување на дистрибутивната мрежа е кривично дело и претставува голем ризик за пожар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk