Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го повика Претседателот Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција.

-Не е соодветно за Претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно Претседателот да преземе одговорност. Ова не е прашање на прифаќање, но во демократија може да очекуваме да се слушаат луѓето меѓусебно и да дискутираат вели меѓу другото Хан во интервјуто за МИА.

Поврзани

Најнови вести

Коментари