logo
logo
logo

ГУЖВА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН "БЛАЦЕ": Голем број жители од Македонија заминаа на гласање во Косово (ФОТО)

Vecer | 17.10.2021

ГУЖВА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН "БЛАЦЕ": Голем број жители од Македонија заминаа на гласање во Косово (ФОТО)

За разлика од другите гранични премини, денеска беше мошне фреквентно и на моменти со застој на граничниот премин „Блаце“, за што сведочат видео-камерите. Ваквата причина се должи на тоа што истовремено денеска и во Косово, како и во Македонија, се одржуваат локални избори.

За разлика од претпладнето кога застојот беше за излез од Македонија, попладнево спротивната слика е за влез во земјата, што е за очекувано ако се очекува дека голем број на гласачи веќе го оствариле правото на глас.

Граѓаните со двојно државјанство можат да гласаат и во Северна Македонија и во Косово Веќе е познато дека многу Албанци кои живеат во Северна Македонија уживаат државјанство на Косово.

Заменик -претседателката на Државната изборна комисија во Северна Македонија, Дитмире Шеху во отвореното студио на ТВ21 објасни дека ова двојно право е овозможено без разлика на начинот на гласање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk