logo
logo
logo

Што фати - изгоре

Губитникот Шилегов - Градската куќа ја продаде, а ФК ВАРДАР ГО ПУШТИ НИЗ ВОДА

Vecer | 03.05.2021

Губитникот Шилегов - Градската куќа ја продаде, а ФК ВАРДАР ГО ПУШТИ НИЗ ВОДА

Во изборната кампања за градоначалник СДСМ и Петре Шилегов ветуваа се што не остварија, а напривија се што тврдеа дека не може да се случи.

Ако од сите над стотина проекти во инфраструктурата, сообраќајот, културата, спортот, образовианието реализирани од Коце Трајановски имаа замерка само за палмите во Вардара кои се исушиле, очигледно дека забешка за Коце Трајановски немаат особено кога ќе се спореди сега, по четири загубени години со Петре Шилегов во кои не видовме ниту еден градски проект, а се изнагледавме скандали, корупција и загуби.

Градоначалник кој ја продал Градската куќа и ги потрошил парите загубил секаква одлика на домаќин и загубил право да критикува било кого за било што.

Скопјани, особено помладите, се лути и гневот секојдневно го искажуваат на социјалните мрежи затоа што Градот Скопје, СДСМ и Шилегов со притисоци, навреди и вербални обвинувања го присилија бизнисменот Самсоненко да се откаже од ФК Вардар и РК Вардар кој, според ветувањето фудбалскиот клуб требаше да го преземе претходниот сопственик - Градот Скопје и да го реафирмира.

Европската титула на РК Вардар, обезбедена од тимот и финансиерот Самсоненко, Шилегов се обиде да ја искористи за своја партиска пропаганда но, беше избркан од Комитите и надвикан со хорското пеење “Никогаш северна, само Македонија...“  по што доживеа дебакл на јавна сцена.

Патем, Шилегов и СДСМ во нападите врз Самсоненко користеа и расистички, шовинистички притисоци оспорувајќи го затоа што е Рус, односно руски бизнисмен, повикувајќи се на мантрата дека СДСМ биле прозападни и по таа мантра кога се тие на власт нема место за руски бизнисмени во Македонија, особено во спортот иако Самсоненко доживеа европски успеси со тој скопски спорт кој ја афирмираше државата во Европа повеќе од сите во СДСМ - заедно.

Не смееме ни да помислиме како би поминал градоначалникот на Лондон кога тој, и неговата партија поддржувачи, би се нафрлиле и би избркале од Британија и од Лондон еден друг Рус, Роман Абрамович од Челзи, за потоа клубот да падне во втора лига.

Самсоненко се повлече, го остави фудбалскиот клуб Вардар, идол и страст на десетици иљади млади скопјани и си замина по притисоците од СДСМ и Шилегов, а што направи градот Скопје? Ништо, како и за се друго.

Како што ни Работнички не доби нова спортска сала која СДСМ ја ветија за да ги добијат гласовите од младите скопјани.

Од ветувањата и најавите дека по заминувањето на Самсоненко од ФК Вардар клубот ќе биде грижа на Градот Скопје кој ќе стопанисува со него, а ќе најде и нов сопственик што му донесе многу гласови од младите фанови на ФК Вардар, добивме оградување од Петре Шилегов дека тој нема никаква врска со ФК Врадар кој, според Шилегов, е сопстевност - на Самсоненко?!

Малку луѓе имаат верба во Петре Шилегов, но и за тие малкумина да ги потстетиме дека во мај 2020-та, пред година дена, Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко јаво објави дека заминува, нема да продолжи да го финансира ФК Вардар и таа обврска ќе му ја предаде на Град Скопје. Тоа беше пренесено и преку соопштение на официјалната веб страница на фудбалскиот клуб.

Една од главните причини за заминувањето на Самсоненко се и притисоците од власта на СДСМ и Шилегов, а наведена и во тоа соопштение - дека е “сериозно погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје (откако му е земен хотелот кој почна да го гради на Плоштадот Македонија) кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи“, објави Самсоненко.

Јавното претпријатие за станбен простор (ПУИГ) со 49% е сопственик на Вардар, а Шилегов за нивните пропартиски медиуми Канал 77 и Слободен печат даде и најава, ново ветување, дека до крајот март 2021 година ќе се реши статусот на ФК Вардар со нов сопстевник кој тој ќе го донесе, спомна дури и преговори на таа тема : “Да не кажам сега со кој разговараме (веќе подолго време се споменуваат катарски бизнисмени – н.з.), ама таков тип на кореспонденција постои и дај боже мислам дека се ќе биде во ред“ ... нормално, од ветувањата на Шилегов - нема ништо.

А ФК Вардар, националниот бренд, по успешната акција на СДСМ и Шилегов да го избркаат Самсоненко од Македонија, е на чекор од Втората лига што никогаш порано не му се случило. Но, никогаш порано не сме ни имале градоначалник на Скопје како Петре Шилегов. Никој, пред него не ја продал Градската куќа и не го пуштил Вардар низ вода.

ВАКОВ ЛИ ЗАСЛУЖИ СКОПЈЕ?! Шилегов се расфрла со “фашисти“ и “оперски певачици“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk