Груевски: Завршени 78 училишни спортски сали, ќе се градат уште 10-тина

- Спортските училишни сали се градат според утврдената динамика. Досега 78 сали се завршени и пуштени во употреба, 13 се во градба од кои шест ќе бидат готови во наредните четири до пет месеци, а се подготвуваме за почеток на градба на уште 10-тина до 12 нови спортски сали, изјави премиерот Груевски

 

Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека динамиката на градба на спортските училишни сали се одвива добро и оти досега се изградени и пуштени во употреба 78 сали.

- Спортските училишни сали се градат според утврдената динамика. Досега 78 сали се завршени и пуштени во употреба, 13 се во градба од кои шест ќе бидат готови во наредните четири до пет месеци, а се подготвуваме за почеток на градба на уште 10-тина до 12 нови спортски сали. За нив се подготвува потребната документација и наскоро се надеваме дека и тие да почнат да се градат.

Динамиката се движи добро и преку Министерството за образование и преку Агенцијата за спорт и млади, изјави Груевски по помоцијата на нови книги од проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари