БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА

Груевски во посета на Црна Гора

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера престојуваше во официјална посета на Црна Гора. Во Подгорица, Груевски попладнето на средби со претседателот на државата, Филип Вујановиќ, претседателот на Собранието, Ранко Кривокапиќ и претседателот на Владата, Мило Ѓукановиќ.

Со премиерот беа и министрите за економија и транспорт и врски Фатмир Бесими и Миле Јанакиески. За време на посетата беше предвидено потпишување на Меморандум за соработка во процесот на европските и евроатланските интеграции, Договор за соработка во областа на туризмот, Договор за соработка во заштитата од природни и други катастрофи, Протокол за научна, техничка и економска соработка во областа на земјоделството и Спогодба за воздушен сообраќај.


Поврзани

Најнови вести

Коментари