Груевски сè уште не се појавува во затвор

Два часа откако Кривичниот совет ја потврди одлуката за неодложување на двегодишната затворска казна на Никола Груевски, експремиерот сè уште се нема појавено во затворот во Шуто Оризари.

Засега нема информација, дали службите на Кривичниот суд му ја доставиле одлуката на Никола Груевски, а исто така вработените во затворот Скопје, како што велат за „Макфакс“, немаат никаква информација дали Груевски денеска ќе се појави во затворот.

Претходно, по одлуката на Апелациониот суд со која беше потврдена првостепената пресуда на Кривичен од 2 години затворска казна, Груевски упати жалба со барање за одложување на затворската казна, која беше одбиена од страна на судијата за извршување на санкцијата, по што експремиерот упати жалба до Кривичен совет составен од 3 судии со истото барање што исто така сега е одбиено.

Груевски е осуден на две години затвор во случајот на СЈО со назив „Тенк“, поврзан со набавката на луксузниот „мерцедес“.

Виктор Јованов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари