logo
logo
logo

Груевски: Од најголем интерес за Македонија е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 16.06.2021

Груевски: Од најголем интерес за Македонија е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ

Од најголем интерес за Македонија е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ во овие моменти кога земјава се наоѓа под режимот на мафијашка власт, чија водилка се рекет и криминал а националните интереси се загрозени, вели поранешниот претседател на партијата Никола Груевски.

- Во предвечерието на 31-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ, како нејзин поранешен долгогодишен водач низ мноштво победи и успеси, на сите членови на партијата им го честитам партискиот роденден, пишува поранешниот премиер Никола Груевски на „Фејсбук“.

Додава дека ВМРО-ДПМНЕ низ годините, од нејзиното основање беше носител на најголемите општествени и економски промени, реформи и напредоци на Македонија.

Тој посочува дека 181.000 членови колку што броеше партијата при неговото  заминување од кормилото на истата беа носители на тие промени и напредоци, без чија поддршка тие немаше да се случат.

- Силата на ВМРО-ДПМНЕ е всушност нејзиното членство кое заедно со симпатизерите и поддржувачите на нејзините политики и со помош на коалициските партнери во изминатите 31 година беа носителите на идејата за независност, носители на промените, реформите, успесите и напредокот на Македонија, но и силата која беше на браникот на одбраната на Македонија низ многу тешки моменти, пишува тој.

- Денес кога Македонија е под режимот на една мафијашка власт која економски ја врати Македонија децении назад, која го контролира правосудството и ја диктира неговата работа во најситни детали од тоа кој да биде прогонуван до тоа кога и на каков начин тоа да се објави и пласира на јавноста преку мноштвото контролирани медиуми, кога националните интереси се на распродажба и кога криминалот и рекетот се главната водилка на власта, од најголем интерес за Македонија е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Груевски.

Тој нагласува дека силата е во секој член на партијата, во секој активист, во секој поддржувач и во секој човек во земјата и дијаспората кој сака многу поуспешна и попросперитетна Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk