logo
logo
logo

Груевски: Криминалецот Заев продолжува со прогонот

Vecer | 12.05.2021

Груевски: Криминалецот Заев продолжува со прогонот


Поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук го обвини сегашниот премиер Зоран Заев дека продолжува со политичкиот прогон и терор врз неистомисленици. Ова следи по денешното обвиниение за плацевите на Водно.

Криминалецот Зоран Заев како што беше најавено продолжува со политичкиот прогон и теророт врз неистомислениците….

Posted by Nikola Gruevski on Wednesday, 12 May 2021

Груевски тврди дека додека Владата делела пасоши на најпознати светски нарко дилери, институциите под раководство на Заев вршеле притисок врз луѓе кои ги познавал, да станат лажни сведоци за фабрикувани процеси против него, во кои, како што наведува, тој со партиски пари бил сопственик на земјишта и станови, кои сега се откриени и конфискувани.

„ Тој не се двоуми и самиот да праќа пораки до некои од жртвите дека ќе им пружи милост доколку лажно посведочат против мене. Не му е проблем репресиите да одат и до тој степен да некој со денови затворен, да биде лишен и од вода за пиење, ако веќе нема друг начин како делува. Праќањето на сите инспекции во фирми на бизнисмени со задача да им се изврши притисок да станат лажни сведоци е секогаш првата алатка од која почнува па потоа ако тоа е неуспешно оди понатаму кон други тортури.

Одкако изврши притисок на судот и обвинителството во првите година и половина на неговиот мандат, да биде ослободен од обвинението за барање мито од струмички бизнисмен, кое со докази и видео снимки беше поткрепено пред судот, а за чие снимање претходно судот издал наредба, по претходна пријава од жртвата кој беше бизнисмен од Струмица, тој потоа се посвети на правење се што е во негова моќ, вклучувајќи и притворање и тортура со некои луѓе кои наумиле да им бидат сведоци, да ме прогонува мене и други личности во фабрикувани случаи со уценети сведоци да докажува нешто што го наумил а што е невистина“ наведува меѓудругото Груевски.

Се што во овие години прави Зоран Заев еден ден ќе се разобличи и ќе излезе на површина а тој ќе одговара за тоа, предупредува Груевски. Додава дека целата негова криминална шема и валкани методи ќе бидат откриени и казнети.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk