logo
logo
logo

Груевски: Криминалната шема на Заев ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА И ТОЈ ЌЕ ОДГОВАРА

Vecer | 12.05.2021

Груевски: Криминалната шема на Заев ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА И ТОЈ ЌЕ ОДГОВАРА

Криминалецот Зоран Заев како што беше најавено продолжува со политичкиот прогон и теророт врз неистомислениците, вели поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, по денешното обвинение за случајот „Плацеви на Водно“.

Груевски вели дека Заев не се двоуми да праќа пораки до некои од жртвите дека ќе им пружи милост доколку сведочат против него.

- Додека неговата влада на Заев делеше пасоши на најпознатите европски и светски нарко дилери, под негова раководна палка институциите вршеа и се уште вршат жесток притисок и уцени на луѓе кои дел ги познавам а дел не, со барање да станат лажни сведоци во фабрикувани процеси против мене во кои наводно јас со наводни партиски пари сум бил сопственик на некакви земјишта и станови а тие сега ги откриле и ќе ги конфискувале, пишува Груевски на Фејсбук.

Додава дека не му е проблем репресиите да одат и до тој степен да некој со  денови затворен, да биде лишен и од вода за пиење, ако веќе нема друг начин како делува.

-  Праќањето на сите инспекции во фирми на бизнисмени со задача да им се изврши притисок да станат лажни сведоци е секогаш првата алатка од која почнува па потоа ако тоа е неуспешно оди понатаму кон други тортури, рече Груевски.

Поранешниот премиер вели дека откако Заев извршил притисок на судот и обвинителството во првите година и половина на неговиот мандат, да биде ослободен од обвинението за барање мито од струмички бизнисмен, кое со докази и видео снимки беше поткрепено пред судот, а за чие снимање претходно судот издал наредба, по претходна пријава од жртвата кој беше бизнисмен од Струмица, тој потоа се посветил на правење се што е во негова моќ, вклучувајќи и притворање и тортура со некои луѓе кои наумиле да им бидат сведоци, да го прогонува него и други личности во фабрикувани случаи со уценети сведоци да докажува нешто што го наумил а што е невистина.

- Во една земја како Македонија со премиер кој од сенка лично ги води и контролира репресивните и правосудни институции, премиер кој неформално некогаш директно а некогаш преку посредник нарачува обвиненија и кажува на судиите кој колку години затвор треба да биде осуден или кога да биде ставен или пуштен од притвор, во процесите од политичките прогони, се е можно, па дури и да ти запленат имот кој не е твој, претставувајќи го како твој со неколку уценети сведоци, да те осудат и да прават политичка пропаганда со тоа,  додава Груевски.

- Дури и кога обвинителството, иако Законот тоа го налага, не те сослушале пред да го пушти обвинението, па лажно преставува дека те сослушале за истата квалификација во сосема друг предмет или користат само за дел од истото изјава дадена уште во фаза на прибирање информации а не изјава пред обвинение, дури ни таквото кршење на законите не им преставува проблем.

- Очигледно во периодот пред локалните избори но и потоа кога ќе му заврши планираниот период на глумење патриот и кога планира да направи нови откажувања од националните интереси, на овој балкански измамник му требаат случаи со кои ќе го свртува вниманието од него, од неговите рекетарско-криминални потфати, од бизнисот со марихуаната кој сам себе си го додели како премиер, а притоа и да покажува дека додека всушност го прави криминалот, дека божемно тој се бори против истиот, вели Груевски.

Груевски потенцира дека се што во овие години прави Зоран Заев еден ден ќе се разобличи и ќе излезе на површина а тој ќе одговара за тоа.

- Целата негова криминална шема и валкани методи ќе бидат откриени и казнети, нагласи Груевски

Криминалецот Зоран Заев како што беше најавено продолжува со политичкиот прогон и теророт врз неистомислениците....

Posted by Nikola Gruevski on Wednesday, May 12, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk