logo
logo
logo

Груби-Кундурос: Северна Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ

Vecer | 17.05.2021

Груби-Кундурос: Северна Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ


Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна со Русос Кундурос, новиот грчки амбасадор во земјава.

На оваа средба се дискутираше за унапредувањето на соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, што се оценува дека се веќе во фаза на реализација, имплементацијата на преспанскиот Договор, политичките случувања во земјата и регионот како и нашата европската интеграција.

Груби и Кундурос се согласија дека Република Северна Македонија и Грција, преку пријателството и унапредувањето на нејзиниот дух, континуирано ја промовираат стабилноста на целиот Западен Балкан од кога се потпиша Преспанскиот Договор.

Грчкиот амбасадор Русос ја изрази поддршката на Грција за прогресот на интеграција на Република Северна Македонија Европската Унија.

На оваа средба се дискутираше и за пописот на население, наредните локални избори и продлабочувањето на економската соработка, со посебен акцент на полето на енергетика, гасификација.

Груби ја нагласи потребата на спроведувањето на Преспанскиот Договор, како и подготвеноста на Скопје да го реши спорот со Република Бугарија без никакво одлагање.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk