Грците повторно ќе протестираат за името на Македонија

Во Атина и Солун се организираат нови протести насловени „Македонија значи Грција“, во врска со најновите случувања околу преговорите за името, пишува грчкиот весник „Прототема“.

Според соопштението испратено до медиумите, членовите на организацискиот комитет на протестите, веќе оствариле средби со претставници на локалните власти и ги замолиле да им дадат поддршка за, како што велат, борбата на грчкиот народ против продажбата на името Македонија од страна на владата во земјата, пишува весникот, пренесува бугарската новинска агенција „Фокус“.

Во текот на следните денови, организацискиот комитет во соработка со патриотските здруженија ќе одржат паралелни собири во градовите низ цела Грција, а големите протести во Атина и Солун ќе се случуваат на 6-ти јуни, во 19.30 часот.

Организаторите ја предупредуваат грчката влада дека решение во кое фигурира терминот „Македонија“, не може да биде прифатено од грчка страна.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари