logo
logo
logo

Грција го „ПОСТРОИ“ Заев заради твит

Vecer | 23.06.2021

Грција го „ПОСТРОИ“ Заев заради твит

Атина реагираше на твит на Заев за настапот на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство повикувајќи го премиерот Зоран Заев целосно да го спроведува Преспанскиот договор во врска со името на земјата, вклучувајќи ги и меѓународните спортски натпревари и притоа најави блокада на три меморандуми за соработка.

„Бараме целосно спроведување на Преспанскиот договор и го повикуваме Заев да се воздржи од реториката на поделби, особено во така чувствителна тема како што е фудбалот. Имплементацијата на Договорот во секој поглед е еден од критериумите за пристапување на земјата во Европска Унија“, изјави портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони.

Весникот „Катимерини“ пишува дека Атина ќе ја одложи парламентарната ратификација на три меморандуми за соработка помеѓу двете земји, што место во јули, ќе се случи најрано во септември. Ова било порака до Заев да разбере дека има обврски што не смее да ги игнорира.

Присуствувајќи на натпреварот Македонија-Холандија на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам во понеделникот, Заев твитна дека дава „силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација“.

Според Договорот од Преспа, само државни институции треба да ја заменат придавката „македонска“ со „на Северна Македонија“. Фудбалската репрезентација не е државна институција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk