logo
logo
logo

Грчкиот министер за надворешни работи, Варвициотис, утре и задутре во работна посета на земјава

Vecer | 13.10.2021

Грчкиот министер за надворешни работи, Варвициотис, утре и задутре во работна посета на земјава

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре и задутре ќе биде домаќин на работната посета на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.

Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава. Во тој контекст, ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката и техничката помош од грчка страна, како и остварувањето на заедничката стратешка цел што подразбира официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, информираат од кабинетот на Димитров.

Вицепремиерот Димитров и алтернативниот министер Варвициотис ќе имаат билатерална средба утре по што ќе следат изјави за медиумите.

Во рамки на посетата, алтернативниот министер за надворешни работи Варвициотис ќе се сретне и со претседателот на Владата Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk