Грчки нон-пејпер се дели вечерва по Амбасади: Македонија се согласила да ја смени и преамбулата од Уставот

Грчката влада успеа да го реши проблемот што трае повеќе од 25 години и да ја промовира стабилноста и соработката во исклучително критичен период за регионот, пишува во нон-пејперот што вечерва се дели по амбасадите во Атина по повод постигнатата согласност меѓу македонскиот и грчкиот премиер, јавува МКД.мк

Според грчката Влада со договорот се реализираат нивните 20-годишни барања за географска одредница, ерга омнес употребата на новото име и уставните измени.

„Со името Република Северна Македонија, кое во нашата земја ќе биде признаено како Северна Македонија, завршува иредентизмот на името Република Македонија, уставното име на соседот кое е веќе признато од повеќе од 140 држави, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина".

Во овој документ се вели дека Грција си ја враќа историјата, симболите и традицијата затоа што соседната земја јасно ја прифаќа разликата меѓу грчките Македонци, нивната древна грчка култура, нивниот јазик и регионот во кој живеат и народот на таа земја со своја историја, јазични и културни карактеристики од друга страна.

За Грција голема победа е и тоа што повеќе од 140 земји кои ја признааа земјата како Република Македонија, сега ќе ја признаат како Северна Македонија.

Во документот се вели дека Македонија се согласила од Уставот да се отстранат и сите други имплицитни историски референци на иредентистички ставови во преамбулата.

Еве го во целост и член 7 од договорот, објавен во овој нон-пејпер.

1. Двете страни признаваат дека нивното меѓусебно разбирање на термините „Македонија" и „македонски/македонски" се однесува на различен историски контекст и културно наследство.

2. Што се однесува до првата страна, овие термини не значат само област и население на северната област на првата страна, туку и нивните карактеристики, како грчка култура, историја, култура и наследство на овој регион од антиката до денес.

3. Во однос на втората страна, овие термини означуваат територија, јазик, популација и карактеристики на сопствената историја, култура и наследство што се разликуваат од оние споменати во член 7 (2).

4. Втората страна забележува дека нејзиниот службен јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата словенски јазици. Страните се согласија дека службениот јазик и другите карактеристики на втората страна не се поврзани со античката грчка култура, историја, култура и наследство од северниот дел на првата страна.

5. Ништо во овој договор не е усмерено на кој било начин да го потцени или да ја измени или да влијае на употребата од граѓаните на која било страна".

Извор: МКД.мк

Поврзани

Најнови вести

Коментари