Грчки државјанин пронашол чаури и дупки во ѕидот околу станот во Скопје

Педесет и четиригодишен државјанин на Грција кој како потстанар престојувал во стан на улицата „Орце Николов“, на 14. ноември во полиција пријавил дека на ѕидот покрај влезната врата забележал дупки, а на подот чаури.

Како што рекол тој во полиција, во станот немало никој во периодот од 02. до 14. ноември годинава.

Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари