logo
logo
logo

Грчева: Наредбата на Бајден е предупредување за коруптивните зделки на Заев

Vecer | 21.06.2021

Грчева: Наредбата на Бајден е предупредување за коруптивните зделки на Заев

Наредбата на Бајден за новата црна листа на САД е предупредување за Заев дека неговите коруптивни зделки и нарко бизниси се видливи, вели Солза Грчева за „Само вистина“ на Канал 5.

- Американците водат една висока дипломатија, Западниот Балкан го гледаат како рак рана потонат во тешка корупција. Тоа е изворот вистински на нестабилност на државите, знаете ако правите коруптивни зделки и внатре во државата, па богами и ако продавате на соседите банки, земјиште, е тоа е за нив корупција и тоа нешто што не можат да го простат. Ние овде не можеме да издадеме 215 пасоши на нарко криминалци и тоа да не го види State department. Не можеме ние DEA да ни доаѓа овде да ни ги брка нарко криминалците со марихуана и тоа да не го види State department“, истакна Грчева.

Грчева додаде дека Бајден ја издаде оваа наредба преку документот по мега скандалите на Владата која ги направи во Македонија.

„На црна листа за договорот со Бугарија ќе бидат ставени они што ги попречуваат евроинтеграцијата на Македонија, а тоа се Бугарите, а не ние“, нагласи Грчева.

Грчева посочи дека опозицијата мора да се окрупни, ако сака граѓаните во Македонија подобро да живеат, а Заев да си замине од власта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk